TheNorthmacedoniaTime

Играта која прави нова револуција во својот жанр „Darkhaven“ со ДЕМО на Стим

2026-03-10 - 11:17

Играта Darkhaven прави револуција во “Диабло-видните” видеоигри, што поконкретно се дефинираат како изометриски RPG hack and slash игри иако оваа игра направена од девелоперите на Diablo 1 и Diablo 2 кои се организирани во ново инди студио наречено Moonbeam Productions -според кои е класифицирана како dark fantasy isometric ARPG. Во моментов може да се симне бесплатно Демо за Darkhaven на Steam кое се игра до убивање на првиот главен и за чудо Демото поддржува и мултиплејер опции за да се игра со пријатели. Револуционерните иновации во Darkhaven се дека е превземено генерирањето на рандом мапи при секоја нова сесија на играње -како што имаше првпат во ваков вид игри во пикот на Path of Exile 1 -но со таа разлика што во самите мапи може сè да се менува со градење ѕидови и рушење постоечки ѕидови од различни материјали и да се копаат дупки токму како на Мајнкрафт. Уште една сличност со Мајнкрафт е што играта има циклус на ден и ноќ, а ноќе чудовиштата и демоните против кои се борите се многу потешки за победување. Во играта е имплементирана и механиката за скокови како и Double Jump односно чим скокнете еднаш со ликот -во вис може повторно да се скокне па и да се прави краток глајд надолу. A ако ве опколат непријатели -може да излезете од гужвата со скокање, така што скокањето не служи само за истражување на терен туку се употребува и во комбатот а има и dodge механика каде може да доџирате нанапред, додека имате целосна контрола над камерата да ја вртите во кој правец највеќе ви одговара -што ја менува целосната перспектива на самата игра -со оваа иновативна карактеристика. Ова е гејмплеј на Single Player приказната во Демото што трае околу цел еден час и повеќе за да се изигра од почеток до крај, воедно и доколку веќе имате големо искуство со ваков тип на игри. Главниот лик е Вештерка -која може да одлучи дали ќе прогресира во играта кон спасување или кон тотално уништување на светот. Надимакот што го доби играта Darkhaven е „Вистинската Диабло“. Иновациите во оваа игра се многубројни и интересни и различни во смисла дека нудат повеќе опции во ваков тип на игра. За промена може да се плива во вода и да се пренасочуваат цели реки со копање и градење, исто така има чизми кои даваат способност за одење по вода па дури и специјални чизми со кои може да се оди по вулканска лава -каде ефектот на горење е повторно присутен, но со намален интензитет одошто кога би ги немале. Околината во која играте се менува според вашите интеракции – можете да рушите ѕидови -да отварате дупки во лавиринти на истиот начин, како и рушење на цели опседнати камени мини замоци или кули од камен во дивина за да имате материјал за градење свои структури -па дури и може да се пишува на самите ѕидови како правење графити или оставање пораки за други играчи да ги прочитаат. А ако одреден играч отиде AFK за казна може да биде тролан од соиграчите кои како освета ќе изградат високи ѕидови околу него, кои секако може да ги сруши -но моментот на „инстант карма“ за заробување на ликот додека не е пред компјутер а целата група го чека- е самата шега. Најмоќниот елемент што најсилно оштетува во играта не е оган, овојпат тоа е lighting -молњи, громови, електрицитет и повеќето играчи сите од сите резистенси го зголемуваат само процентот на Lightning Resist дека токму тој тип на магија има најразорна моќ и прави брзи и чести critical hits. Што се однесува до ајтемите и интерфејсот е тотално во стилот на Диабло, дури и има опција за трансмутирање ајтеми токму како Horadric Cube во Диабло серијалот, а уникатните ајтеми се најчесто оружја кои се многу поретки -но можат да се фармаат. Ако имавте потешкотии да ги разберете термините во овој напис, ви препорачуваме да го прочитатите следниот Водич за гејмерски термини во RPG игрите, каде сите зборови од гејмерскиот сленг се детално објаснети што значат на македонски јазик. Демото за играта Darkhaven може да се симне на Steam сосема бесплатно и може да се преигрува и истражуваат сите новитети во оваа игра, што како што најавија девелоперите ќе излезе наскоро иако сè уште нема конкретен датум. Во меѓувреме ако ви се допадне играта-можете да ја ставите во вашата Wishlist на Steam за тековни известувања. Во моментов играта е Kickstarter кампања каде се веќе собрани една петтина од предвидениот буџет за играта, но оваа програма е сè уште во тек. Симнувањето на Демото за Darkheaven зафаќа само 3,12 Гигабајти и немора да се прави долго чекање за Download и за кратко време може да се почне со играње.

Share this post: