Eкспанзијата „Hexi“ на играта Where Winds Meet пристигнува на 5 март
2026-02-20 - 08:06
Новонајавената прва експанзија на играта наречена Where Winds Meet позната како „Hexi“ и првото поглавје од експанзијата „Преминот преку Портата од Жад“ пристигнува на 5 март. Во глобалната верзија на Where Winds Meet ќе има нов аптејт со сосема нова пустинска зона, а потоа следат и снежен регион, и регион со зелени полиња каде играчот ќе може буквално да патува престорен во ветер. Се смета дека новата пустинска зона ќе се отвара територијално и градуално во нови делови од мапата и периодично ќе се додаваат нови содржини. Where Winds Meet: Hexi ќе донесе сосема нова кампања со нова приказна и нови ликови придружници, а најмаркантните од дејството пред тоа што останале живи ќе се појават повторно исто така. Но тоа што најмногу ги заинтригира играчите е што ќе има многу потешки босеви за победување со покомплицирани и уникатни механики за секој од нив, а и естетиката на главните ќе биде рамо до рамо со повеќето Souls игри каде е обрнато огромно влијание на нивниот изглед и појава. Мора да се напомене дека азиската верзија на истата игра веќе е отидена предалеку во развојот до левел 100 (што ќе расте и над тој level cap) за ликовите, а глобалната е на ниво на левел 85 -но за глобалната верзија полека се придодаваат делови од играта што се тестирани, исполирани и преполни со интересни и нови содржини. Така што квалитетот се знае дека е загарантиран. Следното видео ги прикажува сите новитети од Кинеската верзија на играта. Но за отклучување на сите овие презентирани содржини од нови оружја, до нови скилови, зони, можност во PvP за правење Custom Arena за да се борите еден на еден со пријатели или за договорени дуели со било кого во играта и многу многу повеќе -драстично ќе се почека да бидат целосно имплементирани во Global верзијата што е достапна на Steam. Moжете уште сега да ја играте и кинеската верзија, но тоа ќе оди потешко затоа што сè во таа верзија е непреведено и е на кинески јазик и можно е да има многу „laag“ (одложен трасфер на податоци и успорување или кочење на видеоигра) во интернет конекцијата. Што е лошо за ваков тип на игра каде брзите рефлекси и реакции и дефлектирањето удари во дел од секунда е битен и клучен фактор од гејмплејот на играта и ако тоа се успори поради далечина на сигнали играта станува неигрива. Во почнувањето на следната експазнија имаше гласина дека новите оружја со две нови варијации на чадор и rope dart за да се земат дека мора да сте член во сектата Nine Mortal Ways во играта -што нема врска со вистински секти туку само е карактеристика за групирање во играта. Ова беше извор на доста ироничен хумор меѓу играчите што се шегуваат демек соживеани со ликовите како во Role Playing(Играње Ликови) игри меѓусебно. Постои систем за менување секти со свои правила, пример ако сакате повеќе да играте PvP најдобра секта е Midnight Blades, но ако ја напуштите и влезете во сектата Nine Mortal Ways да ги земете новите оружја иако веројатно новото Rope Dart оружје ќе биде од таму, а новиот чадор веројатно ќе биде врзан со сектата Velvet Shade -има пенали за временска неможност за менување членство во нова секта. Иако повеќето играчи се највеќе во исчекување на Fist Weapons скиловите и ново оружје-што не доаѓа во следниот аптејт. Има казна да неможе да се смени секта на одредено време од неколку дена ако ја менувате за да земете одредено оружје. Така веднаш се зема дадено оружје што е карактеристично за стилот на одредена секта.Но досега имаше и квестови преку кои и да не сте во ниедна секта можете да ги извежбате скиловите за сите оружја- и се претпоставува дека таа опција ќе продолжи да постои. Моментално најдобриот пат за бирање е наречен Bellstrike Umbra со оружјата Strategic Sword и Heavenbreaker Spear кои во пар се надополнуваат со бонуси и се најдобри и во PvP и во PvE активности. Додека тековно на кинеската верзија најефикасно оружје е Tao Sword во комбинација со втора понова верзија на употреба на дворакиот голем меч Thundercry Blade. Корисен совет за левелирање на скилови за оружја е да одбере само две што се во синергија за бонуси, а добивање на потребни ајтеми како Martial Arts Tips за левелирање наjефикасно е да се троши енергијата(која е ограничена секој ден) за победување босеви со што неминовно ќе добиете и еклузивни скинови. Имајте на ум дека стекнатите Weapon Tips може да ги смените во Custom Tips и да ги конверирате адекватно и употребите за левелирање на скил за било кое отклучено оружје. Можноста да се промени типот на опрема на легендарни оружја оклопи и накит дава опција да конвертирате било кој тип на опрема, но ограничено и на среќа- со лимитиран број на обиди. Најдобра комбинација сега е Hawk на оружја и тринкети и Eagle на Оклопот. Ова сознание заштедува доста време за измаксирувањето на најефикасното мета опремување на левел 85 актуелниот максимален левел во играта. Иако во доменот на PvP во Global верзијата нагло се појавија многу хакери кои ја упропастуваат играта за сите. Оваа појава играчите ја нарекуваат „hacker infestation“ (чума од појавени хакери). Но на азиските игри банирањето на луѓето што користат платежни нелегални програми ботови да им ја играат играта и други начини на мамење како експлотирање багови, оди побавно одошто на западните игри што имаат поажурни сигурносни системи на „фаќање хакери на дело“ и нивно банирање. Сепак ако видеоигра не се игра фер, играта како и секоја друга игра губи поента да се игра воопшто. Од друга страна пак, иницијално што се однесува до цензура и заштита на кориснички сметки и гејминг акаунти и азиските девелопери на видеоигри имаат безбеден систем за користење со дополнителни автитенкациски чекори, што не се секогаш присутни нивоа на заштита во западните видеоигри. Ако имавте потешкотии да ги разберете одредените термини од гејмерскиот речник во овој напис секако може да прочитате што значат непознатите фрази во следниот Водич за термини во RPG Игри каде секој ваков збор е објаснет детално на македонски јазик. Исто така за самата игра Where Winds Meet имаме и претходни написи овде, а дополнително за самите многу можности, новитети и аспекти на играта може да ги прочитате бројните неодамнешни мои постови во Facebook групата Where Winds Meet Global каде сите се слистани топтан на следниот линк -напишани на англиски јазик. Сепак Where Winds Meet е чудо од прекрасна онлајн модерна игра со многу можности што и ги нема во други MMO игри. Затоа и привлече толку огромно внимание кај гејмерите ширум светот и се знае дека во иднина ќе продолжи исто така да се развива и игра сè повеќе особено затоа што е бесплатна и навистина квалитетна и револуционерна видеоигра што може да се игра и на основен гејмерски компјутер. Секако ова е линк каде можете да ја симнете и почнете играта на Steam.