Месецот на франкофонијата се отвора со танцовиот спектакл „F_AI_LLE“ на танцовата група K.Danse
2026-03-06 - 09:36
Со танцовиот спектакл „F_AI_LLE“ на француската танцова група K.Danse на 10 март во 20 чаот во Македонскиот народен театар (МНТ) Францускиот институт во Скопје и Танц-Фест го отвораат Маесецот на фрнкофонијата и во знак на пред-отворање на Танц-Фест. Танцовата претстава „F_AI_LLE“ е истовремено и интерактивна инсталација што го истражува дијалогот помеѓу човечкото тело и вештачката интелигенција. На крстосницата помеѓу современиот танц и дигиталните истражувања, ова дело ја преиспитува нашата врска со нормите, технологијата и креативноста. Секој учесник станува ко-креатор и сведочи уникатно уметничко дело што се менува во зависност од сопственото движење и односот кон вештачката интелигенција. Во рамките на посетата на трупата ќе се реализира и програма на работилници од 9 до 13 март во неколку градови низ земјата — Скопје, Битола, Куманово и Тетово — под водство на кореографот Жан-Марк Матос. Работилниците се наменети за актери од областа на танцот, млади изведувачи и наставници по француски јазик. Овој проект, поддржан во рамките на програмата FEF „Дигитални уметности“, ја истакнува продукцијата на современото франкофонско творештво и ги зајакнува уметничките соработки помеѓу Франција и Македонија.