Најавена е нова кинеска игра наречена Genigods: Nezha
2026-03-07 - 11:47
Играта Genigods: Nezha е најавена дека ќе излезе дури во 2028 година. Од сегашниот најнов трејлер станува јасно дека нема да биде т.н. Souls игра туку повеќе за акциона игра – секако, со врвна графика и неверојатна мобилност. Игри на кои потсетува Nezha се Stelar Blade, Black Myth:Wukong и God of War. На оваа игра работи помало кинеско студио „Genigods Lab“ вклучено во таканаречениот „Херојски Проект“ (Hero Project) што според стратегијата на фирмата Sony е за пронаоѓање креативни гејминг студија и компании од помал размер во Кина и светот и изработувачи на видеоигри од непрезентирани региони. Тие им нудат менторство и финансии со цел нивните игри потоа да бидат адаптирани на нивните конзоли. И се вадат продукции со митолошки херои за да се промовира богатата кинеска култура и општо азијатска традиција и фолклористика. Според тоа што го изјавија девелоперите во играта Nezha ќе има специфичен повеќеслоен комбат и најчесто играта ќе биде играна во инстанци со различни негативци. А како главен наратив во играта ќе бидат презентирани и космогониски митови за постанокот на светот според азиски приказни. Тоа што е интересно е што девелоперите изјавија дека филозофијата на Брус Ли што накратко парафразирано би гласела „биди како вода, заземај ги сите форми”, е директно имплементирана со водени магии и комбоа како референца за самиот женски лик Nezha. Инаку ликот Nezha е присутен во аниме серии, книги, филмови и други медиуми а последно поголемо портретирање во гејмингот на овој митолошки кинески лик е во играта Warframe за која имаме повеќе написи тука. Уште пред цела декада ликот Nezha беше меѓу најбрзите Warframe-ми во трчање но сепак на второ место во играта по неприкосновениот најбрз Warframe наречен Volt Prime. Новонајавента Genigods: Nezha има специфичен систем за борби, кој се менува помеѓу два става: приземјен и летечки. И кога се прават удари во вис најчесто со нозе при летечкиот став Nezha ги издигнува на поприлична висина и тоа е проследено со ефектен слем финишер до тлото. Отклучувањето на скилови и различни способности со драстично екстравагантни светлосни ефекти ќе биде дел од прогресијата со Nezha во играта. Способности кои ќе бидат неопходни да се напредува кон повисоки нивоа во играта. Играчите ширум светот ја исчекуваат оваа игра откако се појави трејлерот пред месец дена – но 2028 година кога треба да се објави играта на пазарот и така не е ни приближно блиску, сепак тоа значи дека играта Nezha ќе биде уште поквалитетна тогаш одошто може да се види на сегашните снимки. Гејмерите ширум светот почнаа да стекнуваат огромно почитување за игрите од кинеско производство за кои имаме написи на следниот линк. Од кои за Single Player најдобра е сè уште Black Myth: Wu Kong, додека од мрежните игри онлајн најиграна е Where Winds Meet. Играта Genigods: Nezha уште сега можете да ја додадете на Wishlist на Steam со што ќе бидете информирани и за развојот на играта и ќе бидете благовремено потсетени пред да излезе, а можно е добивање и козметички награди со учествувања во идни можни отворени тестирања и промоции на играта.