HUGEL го освојува Скопје: Француската DJ ѕвезда по настапот во Охрид, на 13 март носи спектакл во „Борис Трајковски“
2026-02-26 - 14:39
По лудиот, незаборавен и епски настап во Охрид, француската DJ суперѕвезда HUGEL повторно се враќа во Македонија – но овојпат со уште поголема продукција и уште пожесток сет. На 13 март 2026 година, СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на едно од најголемите електронски музички случувања во регионот. По серија настапи на најпрестижните светски сцени и фестивали, меѓу кои Tomorrowland, Ushuaïa Ibiza и Parookaville, HUGEL моментално важи за еден од најбараните DJ-и и продуценти на глобалната сцена. Неговиот препознатлив звук – микс од tech-house, latin-house и европска клубска енергија – редовно се наоѓа на врвот на стриминг платформите. Настапот во Охрид беше оценет како еден од највпечатливите електронски настани во последните години, а очекувањата за скопското шоу се уште поголеми. Организаторите најавуваат продукција на светско ниво, усогласена со стандардите што HUGEL ги поставува на меѓународните сцени. Публиката ќе добие шоу со целосна визуелна и звучна продукција, каква што се гледа на најголемите европски фестивали“, велат од организацијата. Охрид стана дел од светската мапа на електронската музика, HUGEL го развиори македонското знаме на сцената на „Билјанини извори“ „Македонијо, ве носам во срцето!“ – порача HUGEL и им испрати порака на сите Македонци: На 3 август сакам да ја видам целата држава во Охрид!