TheNorthmacedoniaTime

Амбасадорот Николов се сретна со професорката Бушеро која ја води катедрата по македонски јазик на INALCO во Париз

2026-03-19 - 07:33

Амбасадорот во Франција Проф. Игор Николов оствари средба со Проф. Фроса Пејоска Бушеро, која ја води катедрата по македонски јазик на INALCO во Париз. INALCO (Национален институт за ориентални јазици и цивилизации) – еден од најпознатите европски центри за изучување ретки и помалку застапени јазици. Специфичноста во Франција е тоа што постои катедра каде македонскиот јазик не само што се изучува, туку и научно се проучува – нешто што ретко може да се најде во други земји во светот,напиша Николов. INALCO е еден од ретките универзитети во Западна Европа каде што Македонскиот јазик се изучува на академско ниво, се промовира македонската култура, литература и идентитет и студентите имаат можност да се специјализираат за Балканот

Share this post: