Jaда „јадно“: Го освои 89 место од 94 натпреварувачи
2026-02-10 - 09:48
Првиот Македонец кој настапи на Зимските олимписки игри 2026, Ставре Јада имаше само симболичен настап. Јада патеката долга 1,6 км. во претпладневните квалификации во спринт крос-кантри ја мина со време 3 минути, 59 секунди и 56 стотинки, или 52,19 секунди побавно време од најбрзиот натпреварувач. Со постигнатото време јада го освои 89.место од вкупно 94 натпреварувачи и не избори пласман во финалето. Во финалето се пласираа 30 натпреварувачи, а последниот кој ги поминаа квалификациите има време 3:18.73 минути
Share this post: