TheNorthmacedoniaTime

Агенцијата за филм го објави Kонкурсот за финансирање на проекти за организирање на домашни филмски фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2026

2026-02-06 - 15:48

Агенцијата за филм го објави Kонкурсот за финансирање на проекти за организирање на домашни филмски фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2026 година. Конкурсот е наменет за правни лица, непрофитни организации, здруженија, фондации и институции кои преку својата дејност придонесуваат за афирмација и позиционирање на македонската кинематографија во поширок европски и меѓународен контекст. Конкурсот е отворен за фестивали со долгогодишна традиција и континуитет, како и за нови, оригинални фестивалски концепти што за првпат аплицираат, а се одликуваат со иновативност, едукативна вредност и јасна меѓународна ориентација.. Агенцијата за филм учествува во финансирањето со поддршка до 70% од вкупниот буџет на проектот. Крајниот рок за поднесување на пријавите е 01 март 2026 година. Пријавата се доставува во печатена форма по пошта или директно до Архивата на Агенцијата за филм, како и во идентична електронска форма, најдоцна до истекот на крајниот рок, на единствената официјална електронска адреса наменета за прием на овие апликации: info@filmagency.gov.mk Формуларот за пријавување и сите дополнителни информации се достапни на официјалната веб-страница на Агенцијата за филм: https://shorturl.at/NZ2tO Филмските фестивали не се само програмски настани тие се простор за средби, дијалог, размена на идеи и градење на иднината на филмската уметност. Доколку поседувате визија што заслужува видливост и поддршка, овој конкурс претставува можност таа да биде реализирана.

Share this post: