TheNorthmacedoniaTime

Mилошевски, Блажевски, Калински и Костов добитници на награди од ЗНМ и УНДП

2026-03-02 - 13:26

Новинарот на „360 степени“, Михаил Милошевски е добитник на првата награда што денес ја додели Здружението на новинари (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Првонаградената тема е насловена како „Уште пет града дознаа што ќе им го прочисти воздухот“. Второ место е сторијата на Бојан Блажевски од Призма БИРН, со тема со наслов „Властите виновни за занемарување на македонската депонија со фосфогипс“. Радио Слободна Европа ја освои третата награда за сторијата „Секој здив боли“, која содржи потресно сведоштво на пациентка со рак за животот во загаденото Скопје, чиј автор е новинарот Владимир Калински. На новинарот на Фокус, Орце Костов, му беше доделена пофалница. Признанието денеска го доделија Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“.

Share this post: