Marvel Contest of Champions препорака за бесплатна тепачка игра
2026-02-23 - 15:07
Marvel Contest of Champions повеќе од декада беше исклучиво игра за мобилни телефони, но сега има и бесплатна верзија на Steam за играње на компјутер која е целосно обновена на секаков начин. Играта за PC е релативно нова иако излезе на 18 Јуни 2025 година, со време стекна популарност досега иако оценките од играчите беа дефинирани како Mixed во последно време се зголемуваат до оценка Mostly Positive на Steam. Така што ако ги немате најновите Мортал Комбат, Текен или Стрит Фајтер верзии, ова игра е супер понова тепачка игра со добар квалитет и огромен избор на различни херои од Марвел стриповите и филмовите. Со таа разлика дека споменатите игри треба да се купат, а оваа е сосема бесплатна за играње. И може да ја играте со пријатели. Играта за разлика од повеќето тепачки игри -каде треба да се преигра приказната со одреден лик за да ви се отклучи ликот -што беше правило со децении на Текен игрите.-Во Marvel Contest of Champions имате уште поогромен број ликови кои можете да ги левелирате (каде обично во тепачките игри нема такво левелирање и сите ликови се крајно дефинирани од старт) а се добиваат со квестови и играње на главната приказна или собирање на валутата кристали со кои отклучувате нови ликови. Со таг системот може да правите тим од херои кои синергизираат меѓу себе во способностите како дружиња и си ги надополнуваат слабите страни а истовремено заедно ги појачуваат нивните силни страни. Ова захтева и предодреден план за изборите на ликови, како и таканаречнен „децисивен микроменаџмент“ што е комплицирана распределба на поени искуство со ликовите -но со ограничени потези и ресурси за отклучување -смислено од девелоперите за секој следен ден играчите да се навраќаат на играта. Класична бизнис тактика на девелоперите особено што е случај во игри за мобилен телефон каде купувањето ликови или скинови е главен извор на приход да се одржи играта. И вадењето на не толку познати ликови дури и на редовните стрип фанови е исто така карактерстика на оваа игра. Marvel Contest of Champions не треба да се помеша со игрите Marvel Rivals (беплатна игра пандан на Overwatch), ниту со новонајавената игра Marvel Tokon што е уште во изработка. Напредокот во играта се трансферира од мобилен телефон и на компјутер доколку ги врзете акаунтите за тие две верзии. Играта содржи детални карактеристики и и и бројни комбинации на напади кои за секој суперхерој или негативец суперхерој, за кои се прават водичи за ефикасно нивно играње од јутубери – особено за популарните ликови каков во следниот пример за ликот Cyclops од Х-Men: Играта е сосема солидна тепачка игра -и директно парира на Injustice серијалот на DC Comics која што пак е само достапна за купување на Steam во прва и втора верзија, додека Marvel Contest of Champions е сосема бесплатна за играње, и може да ја симнете и испробате и играте преку Steam на следниот линк.