Филмот „Masters of the Universe“ со структуралните сличности со ликот на Супермен
2026-02-10 - 12:19
Новонајавениот игран филм за He-Man насловен „Masters of the Universe“ е мешавина од епска и научна фантастика, и има образец креиран од Квентин Тарантино презентиран во филмот Кил Бил 2, што структурално ги прави ликовите Супермен и He-Man да имаат слични симболични карактеристики. Иако уште пред 20 години од самите трејлери за филмови можеше лесно да се предвиди дејството во холивудските филмови кои следат карактеристични симплифицирани клише генерични приказни со првиот трејлер за филмот за He-man отидено е чекор понатаму и многу се открива за филмот од самиот трејлер -веројатно затоа што главната таргет група се децата ширум светот. Сличноста на He-man со Супермен, имаат две големи сличности – првата е дека и двата лика се сосема премоќни во однос на своите соборци и сите непријатели против кои се борат, а втората е дека кога не се во моќна или суперхеројска форма -нивните маски за останатиот дел од светот се тотално проѕирни -дека се тие истиот лик многу лито преправен и лесно може да го познаат сите, но некако не го препознаваат за волја на дејството. На пример Супермен како Кларк Кент, единствена разлика му се очилата и носење одело, без главната шишка што ја има како Супермен. Баш поради ова многу подоцна ради реда стрип сценаристите на ликот за Супермен измислија оправдување за лошо осмисленото преправање на ликот -додавајќи му способност кога ги носи очилата демек создава поле на хипноза околу себе и затоа неможе да биде Кларк Кент препознаен на улица дека е Супермен.-што е бегло вадење на лошото решение за преправеност. И фактот дека ликот на принцот Адам -воопшто и не се разликува од He-Man освен по облеката -во корелација со Супермен -предизвика многу Мемиња на интернет на оваа тема, како во овој пример: Објаснувањето за Супермен на режисерот Квентин Тарантино е иронично портретирано преку ликот на негативецот Бил -во филмот Кил Бил 2 и следното видео е извадокот на темата: Исто како што се вели во извадоков од филмот -алтер егото на Суперхеројот Супермен-Кларк Кент е плашлив, слабак, смотан, несигурен во себе и тоа е „критика на Супермен за тоа како му личи човештвото.“ Кај He-man и тоа е сличност -пример како Адам -иако изгледа како бодибилдер -е ведар млад принц што глуми дека не знае што се случува-додека како He-Man е храбар и сериозен и праведен борец. Дури и Тигарот што го јава He-man -наречен Грингер (иако на англиски се изговара Гринџер) е плашлив и кукавица -се додека не се трансформира во BattleCat. Овие тотално слични обрасци се видливи паралелно во структурата на приказните. И двата лика всушност служат на „каузата“ да се продаваат што повеќе играчки за деца или возрасни колекционери на акциони фигури. А во случајот на Супермен и стрипови. И да бидат гледани филмовите и цртаните филмови. Но секако има и креативни приказни, од кои одредени се и носталгични за „аналогната Ера.“ На тема зошто уште не е направена добра видеоигра за ликот на He-Man обработена во напис што може да се прочита на следниот линк -кореспондира и прашањето зошто уште нема добра видеоигра со Супермен, најблиску до таа цел е играта Injustice 2 каде што Супермен е направен да биде негативец во алтернативен паралелен свет како одговор на прашањето што би се случувало ако Супермен изгуби самоконтрола. Зналците на гик-културата сметаат дека тоа се чува како „џокер за кога ќе опаднат продажби и популарноста“ на филмовите и анимираните филмови и пропратните производи- дури тогаш „ќе извадат“ асални видеоигри за двата лика. За најновиот филм за Супермен можете да прочитате повеќе во следниот напис. А филмот Masters of the Universe He-Man 2026 има одредено датум на излегување во Кино Салите ширум светот истовремено – и премиерата се очекува да биде и во Киносалите на Синеплекс во Ситимол во Скопје на петти јуни годинава.