Nioh 3 е најактуелната игра од соулс жанрот во моментов
2026-02-09 - 09:28
Со излегувањето на Nioh 3 се ревитализира интересот и за претходните два дела од играта, иако се работи за мешавина од Соулс лајк жанрот и акциона игра. Самата игра знае да биде лесна додека се прави free roam низ отворениот свет, стазите што ги немаше во претходните делови, но станува голем предизвик кога се борите против главните непријатели. Играта во самиот старт наиде на добра рецепција кај гејмерите ширум светот е веќе има многу позитивни оценки од играчите на Стим. Девелоперите „Team Ninja“ ја имаат изработено играта со сосема свој софтвер Engine за правење игри. Ова игра голема улога бидејќи играта вади повеќе сила од процесорот, не од графичката. Играта е одлично оптимизирана, што значи дека може да се игра и на постар компјутер, а на појака машина изгледа графички одлично иако единствена негатива е што има премногу појачани рефлексии на светлина во самата игра од различни многу присутни површини со одрази на светло. Штом ќе се помине воведот на играта, кој завршува со изненадувачки тежок главен непријател, на кој многу што се почетници на овој жанр ќе им претставува бариера на напредување во самиот старт ако се трудат да го победат соло, наместо да повикаат NPC копија на играч или друг играч во Co-op mode да им помогне со непријателот. По завршувањето на воведот во играта се пронаоѓате на плажа која е многу слична со плажата на првиот дел на Nioh, каде исто по воведот и тепање на главен непријател, ликот Вилијам ја почнува својата авантура во Јапонија. Историски познат како првиот белец самурај. Но секако Nioh серијалот има и историски личности од јапонската традиција и култура, но не служи на едукативни цели затоа што се сместени во фантазиски концепт со сосема други приказни прераскажани како анимации и транзиции во играта. Сепак самата игра е со назнака дека е за возрасни изграчи поради експлицитните сцени на средновековно дивјачко насилство, иако се борите и против луѓе и против замислените Јокаи и Они. Тоа се јапонски демони со голем варитет на чудовишта. Почетокот на играта со доаѓањето до пристап на отворениот свет околината потсетува многу на почетната околина од играта Rise of The Ronin. Во Nioh 3 менувате помеѓу два стила на борба, како нинџа или како самурај, и може во сред битка да си ја менувате улогата. Имате два различни билда на располагање, затоа што во моментот на промена и опремата на ликот автоматски се менува според поставеноста и изборот на оружја. Отворениот свет има четири големи зони со многу активности, означени со таканаречени points of interest како мапите во Assassin’s Creed серијалот. Oтворениот свет во Nioh 3 го споредуваат со оној на играта Елден Ринг. Сепак иако графиката е одлична повеќето играчи имаат чувство дека графиката и дизајните на карактерите особено на главниот карактер беа многу подобри во Nioh 2 дека беа подобро нацртани и играта имаше помрачна атмосфера. Што се однесува до дизајнот на областите со отворен свет -се одлично сработени и додатокот на скокање со дупло скокање со салто додава вертикалност на самата игра и ја прави поинтересна, иако повеќето гејмери таа карактеристика им е нејсвоствена за Nioh игрите каде претходно немаше скокање со ликот. Што се однесува до истата тема може да прочитате на следниот линк каде имаме напис за оваа игра уште кога беше првонајавена, а за Nioh 1 може да прочитате овде. Ако имавте потешкотии да ја разберете гејмерската терминологија во овој напис, препорачуваме да го прочитате следниот Водич за термини во RPG игри, каде се објаснети значењата на сите зборови од тој тип на дигитален сленг помеѓу играчите на видеоигри ширум светот. За самата игра има Бесплатно Демо на Steam преку кое можете да ја испробате. Но ако сакате да ја купите играта таа чини 80 евра во најевтината варијанта што секако ја прави играта да влезе во категорија на поскапи видеоигри.