Nobody Wants to Die е одлична игра која е бесплатна на Епик Гејмс до четврток
2026-02-17 - 09:19
Nobody Wants to Die е квалитетна игра која е бесплатна за превземање од Epic Games до овој четврток со назнака за 18+ годишна граница. Се работи за детективска приказна со нео-ноар стил која истовремено ве става во свет на 24 век, каде влијанието од Blade Runner филмот транспарентно се гледа целовремено, а и гејмплејот е сличен на серијалот игри Bioshock со Стимпанк елементи и хумор и има и доста концепти присутни во играта Cyberpunk 2077. Дејството во играта има разгранувачки приказни според одбирањето на опциите за различни дијалози и други критични избори и е направена да има алтернативни краеви. Играте со детективот Џејмс Кара кој има партнерка од полицијата Сара -која ве води гласовно и служи како Оператор. Бидејќи дејството се одвива во 2329 година, луѓето нашле начини да менуваат тела и да станат бесмртни преку трансферирање на свеста дигитално од едно во друго тело, релативно најново портретирано во филмот Шестиот Ден со Арнолд Шварценегер. И елементот новото тело да има зависност од алкохол или цигари и други негативности -е концепт најдобро употребен во многу анимеа од кои најпознато меѓу првите е Ghost in the Shell. Но само богатите граѓани можат да си обезбедат нови здрави тела, а кога се луѓето пред умирање им се проверува имотниот и паричниот статус -за дали ќе може да си дозволат бесмртност во ново тело. Џејмс има 120 години затоа и што природниот век е продолжен за луѓето, но е сè уште витален. Неговата главна мисија е да улови сериски убиец кој ги таргетира и убива богаташите. Истражувањето на сцените на злосторствата и поврзувањето докази -е направено во поедноставен систем одошто личи на прв поглед. Протагонистот Џејмс може да рекунструира дејства со AI технологија и да се преигруваат пред негови очи во вид на холограми според околината и доказите. За ова користи специјална технологија закачена како виртуелна алка на неговата рака со опции за враќање и мотање дејство како се rewind команда. А и самото поврзување докази е само спојување на заклучоци во правилен редослед- каде операторот Сара ве исправа ако направите грешка да се обидете со други опции. Играта иако нема опција за newgame+ туку преигрувањето на самата игра која за среќа е кратка во целина и може да се изигра за пет до шест часа активно играње.-постои можност да ја преиграте почеток со алтернативни избори и различен крај. Но со секое ново „вртење“ нема таканаречано handholding „држење за рака“ од играта и многу оленснителни опции не постојат во преигрувањето, за да биде потешко и попредизвикувачки кога сте веќе навлезени во „тој свет“ и полесно се снаоѓате за сè во играта. Во редовна продажба играта Nobody Wants to Die чини 24,99 евра, цена на која се враќа по следниот Четврток, не ја пропуштајте шансата да ја збогатите вашата библиотека на бесплатни игри на Epic Games и со оваа одлична игра.