Трамп „ги моли“ сојузниците да помогнат во деблокирање на Ормутскиот Теснец
2026-03-17 - 12:24
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно побара од сојузниците да помогнат во деблокирање на Ормуски Теснец. Во своето барање, Трамп ги критикуваше дека „не биле воодушевени да помогнат“. Некои беа многу воодушевени, некои не. Меѓу нив има земји на кои им помагавме многу, многу години. Ги заштитивме од ужасни надворешни закани, а тие не се воодушевени да помогнат. Нивото на ентузијазам е важно за мене“, истакна Трамп. Неколку сојузници на САД изјавија дека не планираат да испратат бродови за да помогнат во деблокирањето на Ормутскиот Теснец.
Share this post: