Знаете ли дека во Кавадарци има населба која се вика „Голи Оток“?
2026-02-02 - 20:09
Голи Оток и Брушанско Маало се двете населби што денеска остануваат без вода за пиење поради дефект, информираа од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци. Поради дефект на главна линија за дел од високата зона на градот, без вода за пиење ќе останат населбите Брушанско Маало и Голи Оток“ соопштија од претпријатието. Од претпријатието посочија дека прекинот во водоснабдувањето за двете населби ќе трае додека да се отстрани дефектот и да се нормализира снабдувањето со вода за пиење. Од „Комуналец“ побараа разбирање од жителите на овие две населби.
Share this post: