TheNorthmacedoniaTime

Маларија во Македонија: Патници од Скопје и Куманово се вратиле заразени од Занзибар и Сиера Леоне

2026-03-17 - 17:14

Двајца македонски државјани во текот на февруари биле хоспитализирани откако им била дијагностицирана маларија по враќање од егзотични дестинации. Станува збор за лица на возраст меѓу 40 и 60 години, од Скопје и Куманово, кои престојувале во Занзибар и Сиера Леоне. Од Министерството за здравство информираат дека пациентите биле соодветно лекувани во болнички услови и во моментов се наоѓаат во добра општа состојба. Благодарение на навремената дијагноза, спречени се потешки компликации кај двајцата патници.

Share this post: