TheNorthmacedoniaTime

СДСМ го исклучи Петре Шилегов од партијата

2026-03-16 - 20:27

Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ. Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре. Сега на сите им е јасно дека станува збор за „платформа за рушење на СДСМ“, информираат од партијата.

Share this post: