TheNorthmacedoniaTime

Фестивалот на монодрама во Битола се отвора со „Менопауза“ на Тијана Дапчевиќ

2026-03-05 - 18:57

По два распродадени настапи во Скопје, Тијана и во Битола на 23 април со стендапот „Менопауза“! Со овој урнебесен стендап настап, свечено ќе биде отворено изданието на Фестивалот на монодрама 2026 во Битола. Подгответе се за гласна, искрена и духовита исповед за темите за кои жените најчесто шепотат – а сега конечно се зборуваат без срам и со многу смеа. Секс, хормони, ПМС кој не знае дали доаѓа или си оди, љубовници без поим за лубрикант и мажи во криза на средни години Тијана Дапчевиќ без влакна на јазикот (и со некое ново на брадата) ќе ве освои уште од првата минута со хумор кој е директен, искрен и до солзи смешен. Претставата е по текст на Данило Вукотиќ а во режија на Раде Вукотиќ.

Share this post: