TheNorthmacedoniaTime

Филипче го поддржа нападот врз Иран и им порача на САД дека и во Македонија има авторитативен режим

2026-03-01 - 14:47

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче денеска го поддржа нападот на САД и Израел врз Иран. Тој смета дека нападот е оправдан, исто како што тоа беше случај со интервенцијата во Венецуела, како и дека овие активности се за доброто на двата народи. Филипче посочи дека САД се наш стратешки партнер, а во актуелната состојба со Иран претходно биле исцрпени дипломатските механизми пред да се случи заедничкиот напад со Израел. Тој упати порака до САД дека и во земјава постои авторитативен режим, како овие против кои војуваат „Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер треба да знаат дека во нашата земја има власт со многу слични карактеристики на тие авторитарни режими со кои тие се справуваат.Имаме власт и премиер којшто ја бутка земјата во изолација, притоа знаејќи дека во стратешки интерес на Соединетите Американски Држави е интергацијата во ЕУ и на нашата земја и на целиот регион. Понатаму, оваа власт има отворени контакти со Путин, преку контактите на вицепремиерот со Ноќните волци“, потенцираше Филипче.

Share this post: