Израелските власти тврдат дека го убиле иранскиот министер за разузнавање Есмаил Хатиб
2026-03-18 - 12:34
Израел ги нападна централните делови на Бејрут и тврди дека ноќеска го убил иранскиот министер за разузнавање, Есмаил Хатиб убиен во напад, велат од израелското Министерство за одбрана, пренесува „Гардијан“. Информацијата ја потврди израелскиот министер за одбрана, Израел Кац. „На овој ден се очекуваат значајни изненадувања на сите арени кои ќе ја ескалираат војната што ја водиме против Иран и Хезболах во Либан“, рече Кац за време на брифинг со воени претставници. „Интензитетот на нападите во Иран се зголемува. Иранскиот министер за разузнавање Хатиб исто така беше елиминиран ноќеска“, рече тој. Кац кажа дека израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, ја дал согласноста на армијата „да го убие секој висок ирански функционер без потреба од дополнително одобрување“. Ова се случува ден по потврдата од Иран за смртта на својот шеф за безбедност, Али Лариџани, и командантот на силите Басиџ, Голамреза Солемани.