Руски напад врз Одеса: Евакуирано породилиште, едно лице убиени, десетмина повредени
2026-03-28 - 11:04
Едно лице загина, а 11 се повредени, вклучувајќи и едно дете, како резултат на синоќешниот руски напад врз цивилната инфраструктура во Одеса, објави на „Телеграм“ Сергеј Лисак, началник на Воената администрација на Одеса. За жал, до 7:00 часот утрово, знаеме дека едно лице починало во болницата како резултат на повредите. Моето искрено сочувство до семејството и најблиските, посочи Лисак и во објавата на „Фејсбук“. Вкупно, според Лисак, 11 лица се повредени, вклучувајќи едно дете. Сите повредени добиваат потребна медицинска помош. Според информациите објавени на Телеграм, во нападот е оштетена зграда на породилиште, од каде персоналот и пациентите веднаш биле евакуирани. Во високите згради има уништување на балкони, оштетување на прозорци и пожари на горните катови. Во приватниот сектор, избувнаа пожари во станбените згради; пожарите се изгаснати. Оштетени се повеќе од 10 автомобили. Во Приморскиот реон се регистрирани оштетувања на три објекти на општообразовни институции, додека во населбата Хаџибеј е погодена повеќекатница, но таму нема настрадани. На терен работат итните и комуналните служби за санирање на штетите.