Ѓубрето слободно се шета, ако дојде, ќе му пресудам: Мајката која го сними насилниот сопруг револитирана!
2026-03-05 - 14:37
Мајката која лани го сними нејзиниот сопруг како го тепа нивното дете во скопската населба Драчево, повторно реагира, лута на институциите, бидејќи, како што вели, насилниот татко е на слобода. Снимката тогаш предизвика силни реакции во јавноста и беше повод за покренување постапка против 28-годишниот скопјанец. Жената во објава на Фејсбук, жестоко ги критикува институциите, обвинувајќи ги дека не ги заштитиле неа и нејзините деца. Да ти се плукнам во правдата. Ѓубрето да си шета слободно, викенд му следувало, можел да оди на работа – буквално ќе си шета како ништо да не се случило. Демек таква проценка се дала дека не бил опасен по живот. А што е со нас?, напиша таа.
Share this post: