Куба соочена со целосен прекин на струја и вода, полошо е од времето веднаш по револуцијата
2026-03-18 - 07:03
Куба се соочува со целосен прекин на електричната енергија. Со денови нема струја, а нема ни вода. Ваквата состојба предизвикува наскоро да нема да има ништо за пиење во градовите. Целосната блокада на островот што ја спроведуваат САД има сè посериозно влијание. Тоа предизвикува многу тешка ситуација за островот, можеби дури и полоша отколку што беше во 1960-тите години. Мислам дека Куба, на свој начин, туризмот и сè друго – тоа е прекрасен остров, со одлично време. Тие не се во зоната на урагани, што е, секако, убаво, знаете? Нема да мора да ни бараат пари за борба против ураганите секоја недела. Верувам дека ќе имам чест да ја преземам Куба. Тоа е голема чест. Да ја преземам Куба во која било форма, разбирате. Да ја преземам Куба. Мислам, без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам – можам да правам што сакам со неа, ако сакате да ја знаете вистината“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп, за односите со карипската држава. Евентуално постигнување на американските планови за „преземање“ на Куба, на Трамп ќе му овозможи привремено да ја подобри својата позиција на домашен план во контекст на војната против Иран и проблемите што американско-израелските напади ги предизвикаа на Блискиот Исток, но и во целокупната светска економија.