TheNorthmacedoniaTime

Забранет увоз на говедско од Парагвај и ореви од Казахстан, биле небезбедни за употреба

2026-03-22 - 09:04

Агенцијата за храна и ветеринарство стопираше увоз на 27 тони говедско мелено месо по потекло од Парагвај на граничниот премин Ќафасан, откако било утврдено дека храната која требало да заврши на македонскиот пазар потекнува од објект кој не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од АХВ истакнуваат дека не се испоплнети основните безбедносни стандарди за увоз, односно дека постојат сомнежи за здравствена исправност на месото, што претставува ризик за потрошувачите. Инспекторите за храна минатата недела забранија и увоз и на пратка со 22 тони ореви по потекло од Казахстан поради несоодветно означување и отстапки во пропишаните критериуми за квалитет и безбедност на храна. Поради тоа, посочуваат од АХВ, целата количина била вратена е во земјата на потекло. „Контролите на увозот на храна од страна на официјалните ветеринари и инспекторите за храна ќе продолжат со засилено темпо, со цел да се спречи внесување на небезбедни производи. АХВ апелира до увозниците строго да ги почитуваат законските регулативи и стандардите бидејќи здравјето на граѓаните останува врвен приоритет за институцијата“, велат од АХВ.

Share this post: