TheNorthmacedoniaTime

Педесетина американски транспортни авиони пренесуваат воен товар од САД до Блискиот Исток

2026-03-26 - 18:02

Деновиве есе забележува значително движење на персонал и опрема од американската армија, морнарицата и воздухопловните сили од Соединетите Американски Држави кон Блискиот Исток. Во таквото масовно распоредување борбени сила уествуваат најмалку 36 летови на транспортни авиони Ц-17 Глубмастер“ од 12 март до сега, со уште 11 летови во режим на подготвеност. Потврдени полетувања од: 12 – Аеродром Хантер/Форт Стјуарт, Џорџија 8 – Непознато 7 – Џ. Б. Луис-МекКорд, Вашингтон 6 – Аеродром Поуп/Форт Браг, Северна Каролина 4 – Аеродром Кемпбел/Форт Кемпбел, Кентаки 4 – Аеродром Греј/Џ. Б. Луис-МекКорд, Вашингтон 4 – Поморска воздухопловна станица Океана, Вирџинија 1 – Аеродром Мекдил, Флорида 1 – Џ. Б. Мекгваер-Дикс-Лејкхарст, Њу Џерси Објавени дестинации: 17 – Аеродром Овда, Израел 13 – Аеродром Крал Фајсал, Јордан 4 – Меѓународен аеродром Крал Хусеин, Јордан Како што објави „Њујорк тајмс“, Пентагон разгледува распоредување на најмалку 3.000 падобранци за брза реакција од 82-та воздушно-десантна дивизија за поддршка на потенцијалните американски операции во Иран, вклучително и евентуален напад за заземање на островот Харг. Маринците излегуваат на сцена: САД трупа специјани сили за копнена операцја против Иран Според планот, маринците би биле испратени да обезбедат клучна инфраструктура, а потоа би дошле и воздушно-десантни сили како засилување.

Share this post: