Пратеникот Снопче побара повторно отворање на случајот „Монтрум“ за убиството на Смилковското езеро
2026-03-18 - 13:54
На денешната седница за изборот на Јавен обвинител, дел од пратениците проговорија за случајот „Монструм“ па дури имаше и барања за поторно отварање од страна на претеникот Снопче. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека се прави злоупотреба на трагедијата и болката на семејствата кои ги изгубија своите најблиски. „Не можам да поверувам дека во 2026 година вие и претходниот говорник сте единствените кои верувате на тезите на зоран заев од 2015 година, а во 2021 година ги демантираше. Во 2015 година во интервјуа велеше дека овие што се во затвор не се виновни и дека други се виновни, а во 2021 година кажа дека тоа биле лични впечатоци, негови видувања, дека немал податоци, документи и разговори туку се му било врз основа на прашања од новинари, па споделувал видувања и чувства. Со што добри шест години стави во катастрофална состојба членови на семејства кои изгубија деца. Да злоупотребувате судбина на семејства кои ги изгубија најблиските, е срамно“, рече Николоски.