ГРК Охрид се пласираше во четврт-финалето на ЕХФ Европскиот куп
2026-02-21 - 20:07
Македонскиот прволигаш ГРК Охрид се пласираше меѓу осумте најдобри екипи во ЕХФ Европскиот куп, откако вечерва во осминафиналето го елиминираше чешкиот противник Дукла со вкупен резултат 60-45 (30-24, 30-21) Ракометарите на ГРК Охрид допатуваа на реваншот во Прага со предност од 30-21 од првиот натпревар пред една недела и со гостински триумф од 30-24 го заверија пласманот во осминафиналето во третото по ранг европско клупско натпреварување. Македонскиот тим од самиот почеток го контролираше резултатот и на полувреме имаше предност од 15-13, а откако во 40 минута поведе со + 4 (21-17), рутински го проведе натпреварот до самиот крај. Џанфранко Прибетиќ со седум голови беше најефикасен во редовите на ГРК Охрид. Титулата во ЕХФ Европскиот куп минатата сезона ја освои скопски Алкалоид.