Четврто злато за Дуплантис со нов рекорд на светските првенства
2026-03-22 - 10:53
Швеѓанецот Арманд Дуплантис ја освои титулата во скок со стап на Светското првенство во атлетика во сала кое се одржува во полскиот град Торун. Дуплантис, кој минатата недела го собори светскиот рекорд по 15 пат во својата брилијантна кариера, не им остави никаква шанса на своите конкуренти и по четврти пат го освои златниот медал, прескокнувајќи ја летвичката на височина од 6,25 метри, што е нов рекорд на светски атлетски првенства во сала. Грчкиот атлетичар Емануел Каралис го освои среброто (6,05 метри), а Австралиецот Куртис Маршал се закити со бронзениот медал (6,00 метри).
Share this post: