Трамп се пофали дека САД заработуваат многу пари од растот на цената на нафтата
2026-03-13 - 08:56
Отприлика во исто време кога пораката на врховниот лидер Моџтаба Хамнеи беше емитувана во Иран, се огласи и Доналд Трамп, кој напиша на социјалните мрежи дека САД би можеле да профитираат од порастот на глобалните цени на енергијата. На својата платформа Truth Social тој напиша: Соединетите Американски Држави се убедливо најголемиот производител на нафта во светот, па кога цените на нафтата растат, заработуваме многу пари. Но, многу поголем интерес и важност за мене, како претседател, е да ја спречам злобната империја, Иран, да се здобие со нуклеарно оружје и да го уништи Блискиот Исток и целиот свет. Никогаш нема да дозволам тоа да се случи, напиша Трамп, како што објави Би-Би-Си.
Share this post: