TheNorthmacedoniaTime

Медведев е заглавен во Дубаи

2026-03-03 - 08:37

Поради војната во Иран и нападите врз цели во поширокиот блискоисточен регион, голем број тенисери кои се натпреваруваа на АТП турнирот од серијата 500 во Дубаи останаа „заглавени“ во градот. Меѓу нив е и победникот на турнирот, Русинот Данил Медведев, кој требаше да патува во САД за настап на Индијан Велс. „Здравјето, безбедноста и благосостојбата на нашите играчи, персонал и персоналот на турнирот се наш врвен приоритет. Можеме да потврдиме дека голем број играчи и нивните тренери останаа во Дубаи. Тие престојуваат во официјални хотели на турнирот. Ние сме во директен контакт со нив, објави АТП на социјалната мрежа X. Поради иранскиот напад врз Дубаи, кој дојде како одговор на координираните американско – израелски напади, воздушниот простор над Дубаи беше затворен во текот на викендот. „Чекаме ситуацијата да се подобри. Секако, сите сакаме да заминеме што е можно поскоро, но понекогаш е најдобро едноставно да се почека ситуацијата да се подобри“, напиша Финецот Хари Хелиовара, кој на турнирот во Дубаи победи во двојки со Британецот Хенри Патен. Се очекува аеродром во Дубаи да биде отворен за првите летови оваа вечер или во текот на утрешниот ден.

Share this post: