Катерина Ацевска освои злато на Џенова Гран При во џиу-џицу
2026-02-11 - 08:19
Македонската натпреварувачка во џиу-џицу, Катерина Ацевска, оствари нов голем резултат на меѓународната сцена откако успеа да се закити со злато на престижниот Гранд при турнир во Џенова, Италија. Ацевска во категоријата +70 кг кај сениорките со учинок од две победи успеа да го освои првото место. Како најдобро рангиран борец во категоријата, во првото коло Македонката беше слободна, а во второто коло се соочи со Федерика Маца од Италија и ја совлада со Фул ипон, иако и во регуларниот дел беше 15:1. Во финалето Ацевска се бореше против Каја Орзешовска од Полска, славеше со резултат 16:7 и така го освои златниот медал. Со овие бодови таа се доближи до топ 3 во нејзината конкуренција.
Share this post: