Вечер посветена на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената во Македонскиот КИЦ во Тирана
2026-03-08 - 12:17
Македонскиот културен центар со големо задоволство пречека многубројни посетители на отворањето на изложбата на Северин Бургерс (Белгија). На изложбата, уметницата ги претстави своите дела посветени на жените од Бангладеш, како и неколку слики инспирирани од прекрасниот кањон Матка., информираат оттаму на својот фејсбук профил. Вечерта беше посветена на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената , но и на славење на креативноста, соработката, пријателството и уметноста која ги поврзува луѓето. Gur Elements ја претстави својата уникатна рачно изработена накит колекција , додека Кристијана Бела ги изложи своите авторски дизајни на накит, додавајќи уште повеќе елеганција и убавина на просторот. Директорката на Центарот, Ема Попивода, им се обрати на присутните и ја збогати вечерта со краток пијано настап. За музиката во текот на вечерта се погрижи DJ Nijo