TheNorthmacedoniaTime

Пациентка од Крива Паланка почина во возило на Итната помош

2026-03-08 - 14:37

78-годишна пациентка од Крива Паланка починала во возило на Итната медицинска помош додека била пренесувана кон болница. На 7 март околу 12:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во возило на Итната медицинска помош од Крива Паланка, на местото викано „Света Петка“ во општина Старо Нагоричане, починала пациентката М.Т. (78) која била транспортирана кон Општата болница во Куманово. Лекар кој бил присутен во возилото ја констатирал смртта на пациентката. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта. Надлежните институции работат на расчистување на случајот и се очекуваат дополнителни информации по завршување на постапката и обдукцијата.

Share this post: