TheNorthmacedoniaTime

Центарот за социјални работи знаел за насилството врз мајката што загина со своето дете

2026-03-03 - 12:07

Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска информира дека изврши вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи – Скопје, во врска со трагичниот случај во кој мајка и дете го загубија својот живот. Од првичните информации, починатата заедно со сопругот за прв пат се евидентирани во Центарот на 07 октомври минатата година, по барање на Основниот граѓански суд за постапување по тужба за развод на брак. Центарот во февруари годинава добил и допис за пријавено насилство, од Министерството за внатрешни работи кој се однесувал на настан што се случил на 19 декември минатата година, за прекршок против јавниот ред и мир, односно физички напад на сопругот врз сопругата. Од Министертвото велат дека инспекцискиот надзор е во тек, а по неговото завршување ќе се информира јавноста за понатамошните мерки.

Share this post: