TheNorthmacedoniaTime

Да бидеме луѓе на мирот, правдата и солидарноста, порача поглаварот на ИВЗ во честитката за Рамазан Бајрам

2026-03-20 - 10:02

По повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам празник, поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Реисул Улема Шаќир Фетаи, упати честитка до верниците со желби за прифатени молитви, мир и хармонија. Фитр Бајрам е ден на помирување и зближување. Тоа е ден кога треба да ги отвориме нашите срца, да си простиме еден на друг и да ги зацврстиме семејните и општествените врски. Посетите, честитките и насмевките што ги разменуваме денес се знак на убавите вредности што Исламот ги негува меѓу нас. Да го искористиме овој празник за да размислиме за самите себе и да продолжиме по патот на добрината што го започнавме во Рамазан. Да бидеме луѓе на мирот, правдата и солидарноста во нашите семејства, во нашето општество и каде и да живееме“, порача Фетаи. Тој потенцираше дека изминатиот месец бил тест за човечката издржливост и морал, испраќајќи порака против деструктивните појави во модерното општество. Во овој голем духовен празник се радуваме што триумфиравме над деструктивноста, материјализмот, егоизмот и љубомората. Со тоа му испративме порака на светот дека моралните вредности се највисоката цел на човечката активност. Со чувството на глад и жед му упативме повик на светот за поголема грижа кон човекот. Мирот што го негуваме за време на Рамазан покажа дека човештвото треба да биде посветено на почитување на човечките вредности, избегнувајќи убиства, војни, масакри и геноциди“, истакна поглаварот на ИВЗ. На крајот, Фетаи повика на континуирана борба против општествените аномалии како алкохолизмот, наркоманијата и корупцијата, нагласувајќи дека на овој ден верниците гордо стојат пред Бога, надевајќи се на Неговата милост за искрените молитви и жртви направени за време на постот.

Share this post: