TheNorthmacedoniaTime

Македонската репрезентација е веќе во Копенхаген

2026-03-25 - 06:45

Македонската фудбалска репрезентација е веќе во Копенхаген каде утре од 20:45 часот ќе се соочи со домаќинот Данска во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе го одржат официјалниот тренинг на стадионот „Паркен“, чиј капацитет, според извештаите, е целосно распродаден за натпреварот в четврток. Победникот од дуелот во Копенхаген за противник во финалето од мундијалскиот плејоф ќе игра со победникот од полуфиналниот бараж меѓу Чешка и Ирска, закажан во истиот термин на Фортуна Арена во Прага

Share this post: