Отворен нов мултифункционален спортски терен во Соколарци – „Адријан и Иван“ во чест на загинатите во трагичниот пожар
2026-03-15 - 21:47
Во селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево, денеска беше пуштено во употреба ново мултифункционално спортско игралиште, наменето за спорт и рекреација на младите. Игралиштето симболично го пуштија во употреба градоначалникот Јорданче Костадинов и претставникот од Министерството за спорт, Илија Ристески. Реализацијата на проектот е со поддршка од Министерството за спорт и Владата на Република Македонија. Новиот спортски терен го носи името „Адријан и Иван“, во чест и сеќавање на момчињата кои трагично ги загубија животите во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од општината посочуваат дека игралиштето ќе биде место каде младите ќе спортуваат, ќе се дружат и ќе создаваат убави спомени, но и трајно потсетување на нивните сограѓани кои прерано го загубија животот.