TheNorthmacedoniaTime

Канадскиот премиер очекува дека Трамп ќе го почитува суверенитетот на Канада

2026-02-02 - 15:09

Канадскиот премиер Марк Карни, одговарајќи на прашања во врска со извештаите за средби меѓу американски претставници со припадници на канадски сепаратистички движења кои бараат независност за покраината Алберта, изјави дека очекува американската администрација да го почитува канадскиот суверенитет. Претставници на Трамп редовно се среќаваат со сепаратистичките движења во Канада На прес-конференција, Карни истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп никогаш не го покренал прашањето за можен сепаратизам во Алберта за време на нивните приватни разговори. Алберта е клучна канадска покраина, голем центар за производство на енергија.

Share this post: