TheNorthmacedoniaTime

Столе прими гол за пораз две минути пред крајот

2026-02-01 - 18:09

Екипата на Бетис стигна до триумф од 2:1 во дуелот од 22.коло од Ла Лига против Валенсија на Столе Димитриевски, иако гостите имаа водство. Голот за победа Бетис го постигна во финишот на дуелот во 88.минута, а стрелец беше Пабло Форналс во 88.минута. Валенсија на Димитриевски поведе во 20.минута со голот на Луис Риоха, додека Бетис изедначи во три минути подоцна од пенал. Стрелец беше Чими Авила и успеа да го совлада македонскиот репрезентативец. За екипата на Валенсија ова беше пораз по три натпревари во кои освои седум бодови, Бетис ја постигна деветата победа и се искачи на петтото место на табелата со 35 бодови

Share this post: