TheNorthmacedoniaTime

„Арко“ – Патување низ времето обоено со виножито

2026-02-19 - 06:56

Во 2075 година, светот се менува засекогаш за едно девојче кога ќе стане сведок на неверојатен настан – мистериозно момче облечено во костум во боите на виножитото паѓа од небото. Така започнува Арко, визуелно волшебна анимација што нè носи во иднина каде што патувањето низ времето е возможно но човечката поврзаност останува најсилната сила. Момчето по име Арко доаѓа од далечна и идилична иднина. Заглавен во погрешно време тој наоѓа засолниште кај девојчето, која без двоумење решава да му помогне – дури и ако тоа значи соочување со опасности што ги надминуваат нејзините години. Нивното пријателство станува срцето на оваа топла и емотивна приказна за доверба, жртва и надеж. Под режисерската палка на Ugo Bienvenu „Арко“ нуди впечатлива анимација богата фантазија и суптилна емотивна длабочина. Со гласовите на Margot Ringard Oldra, Oscar Tresanini и Nathanaël Perro, филмот создава свет кој е истовремено футуристички и искрено човечки. „Арко“ е анимација за сите генерации – фантастична авантура што потсетува дека без разлика на времето и технологијата најважни се храброста, пријателството и вербата дека секој може да го промени текот на судбината. Комерцијална објава

Share this post: