TheNorthmacedoniaTime

Сијарто: Унгарија ќе ја блокира финансиската помош за Украина сè додека не профункционира нафтоводот „Дружба“

2026-03-16 - 20:37

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто порача дека Унгарија ќе ја блокира финансиската помош за Украина во висина од 90 милијарди евра и 20-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија сè додека не биде решено прашањето за транспорт на нафта преку нафтоводот „Дружба“. Додека Украинците не ја обновата доставата, не може да се дискутира за гласање за заемот од 90 милијарди евра, друга финансиска помош за Украина или 20-тиот пакет санкции за Русија. Земјите-членки на ЕУ можат да заборават на тоа“, истакна Сијарто. Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука Според него, нафтоводот „Дружба“ е физички и технички подготвен за продолжување на транспортот. Прекинот на снабдувањето Сијарто го нарече „политичка одлука“. Украинскиот систем-оператор рече дека ситуацијата со „Дружба“ може да се подобри во рок од еден месец, што би било една недела по изборите во Унгарија“, наведе Сијарто. Тој тврди дека официјален Киев одбил трилатерален состанок со него и словачкиот министер за енергетика. Откажана трилатералната енергетска средба меѓу Унгарија, Словачка и Украина: Украинската страна не се согласи да учествува Според Сијарто, Унгарија има резерви нафта за 86 денови. Претходно, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас изјави дека Унгарија треба да ги спроведе одлуките што веќе ги одобри нејзиниот лидер во декември минатата година и не треба да го блокира заемот од 90 милијарди евра за Украина.

Share this post: