Дисциплинска истрага за Шкендија, санкции и за тренери од Првата лига
2026-03-04 - 18:46
Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија отвори постапка против ФК Шкендија поради слаба организација на натпреварот со ФК Пелистер и инциденти насочени кон судиската тројка. Според информациите, од трибините биле фрлани предмети кон теренот, а по завршувањето на средбата имало и вербални напади, како и обид за физичка пресметка со арбитрите. Санкции добија и тренерите Баже Илијоски од ФК Македонија Ѓорче Петров и Дејан Лескароски од ФК Струга Трим Лум. Во Втората лига, пак, по два натпревара суспензија заработија Филип Тодороски од ФК Кожуф и Мартим Богданоски од ФК Новаци.
Share this post: