Европската автоиндустрија се подготвува за голем удар и загуби
2026-03-23 - 19:04
Европската автомобилска индустрија се подготвува за голем економски удар и големи загуби ,„пишува „Блумберг“. Според изданието, 24% од европските добавувачи на автомобили очекуваат загуби оваа година, а 76% проценуваат профит од не повеќе од 5% – ниво кое е недоволно за инвестиции и развој. „Фолксваген“ затвора 50.000 работни места Добавувачите страдаат од зголемени трошоци за енергија поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Медиумот коментира дека повеќе од 100 илјади работни места се изгубени во овој сектор во Европа во последните две години. Големи компании како што се „Continental“, „Robert Bosch“ и „ZF Friedrichshafen“ најавија намалување на персоналот или реструктуирање.
Share this post: