TheNorthmacedoniaTime

Држете ја диетата на Тито, Маршалот знаел што е здрава храна

2026-01-28 - 09:43

Joсип Броз бил голем гурман и љубител на храна. Сепак кога претерувал неговите доктори му ја препорачувале оваа диета. Појадок: Црно кафе (140 мл), слатка павлака (20 г), бел леб (20 г) и путер (5 г) Ужина во 11:00: Пилешки желудник во супа (100 г), бел леб (20 г) Ручек: Гратинирани телешки гради (120 г) со масло (5 мл), печени компири (50 г), вргањ со оцет (20 г), зелена салата (30 г) и црвена зелка (30 г) со масло (5 мл), црн леб (20 г) Десерт: Кнедли од сливи – сливи (20 г), компири (20 г), брашно (5 г), шеќер (5 г), 1/4 јајце Ужина во 16:00: Јогурт Вечера: Говедска супа (150 мл) со варено јајце, раженчиња од пилешко бело месо (50 г) и сафалада (40 г), помфрит (20 г) со масло (5 мл), салата од кисела зелка (50 г) и кисели пиперки (50 г) со масло (5 мл), јаболко (100 г) Ужина во 21:00: Сафалада (150 г) Вкупен дневен внес (приближно): Калории: 1.605 kcal Протеини: 101,3 г Масти: 85 г Јаглехидрати: 145 г

Share this post: