Изложбата „Емоција во боја“ на Цветанка Јованова Хермес во МКЦ
2026-02-06 - 15:28
Вторник 10 февруари во 19:30 часот во Галерија МКЦ Цветанка Јованова Хермес со 20-та самостојна изложба „Емоција во боја“ во МКЦ Со изложбата „Емоција во боја“, уметницата Цветанка Јованова Хермес ја одбележува својата 20-та самостојна изложба, претставувајќи околу 30 дела во кои бојата е главниот носител на емоцијата, движењето и внатрешната состојба. Делата се движат меѓу фигурацијата и апстракцијата, со силен експресивен потег и интензивна колоритна палета. Женските ликови, симболичните форми и растителните мотиви не се класични портрети, туку визуелни состојби на духот, оставајќи простор за лично доживување и интерпретација. Изложбата ќе и може да се посети во наредните две недели.
Share this post: