TheNorthmacedoniaTime

САД ѝ забранија на Куба да прима руска нафта

2026-03-21 - 13:03

Министерството за финансии на САД ја додаде Куба на листата на земји на кои им е забрането да работат со руска нафта и нафтени деривати. Одлуката доаѓа во време кога најмалку два руски танкери со гориво веќе пловат кон островот. Руски танкер со 730 илјади барели нафта се упати кон Куба за да и помогне во енергетската криза Куба минува низ најлошата енергетска криза и сериозен недостиг на гориво, влошен од долгогодишната блокада на САД. Ваквата одлука ги продолжува обидите на официјален Вашингтон да ја задуши независноста на Куба, без оглед на негативното влијание врз благосостојбата на нејзините граѓани. Додека САД зборуваат за „слободи“, тие го лишуваат целото население на Куба и од најнеопходните работи. Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД

Share this post: