Кина му нуди на Тајван енергетска стабилност во кризата во замена за „повторно обединување“
2026-03-20 - 21:54
Кина му понудила на Тајван енергетска стабилност во замена за „повторно обединување“ со Пекинг, објави „Ројтерс“. Спортед агенцијата, официјален Пекинг порачал дека е подготвен да му обезбеди на островот „стабилна и сигурна енергија“ доколку се случи обединување поради светската криза во снабдувањето со енргенси предизвикана од војната на Блискиот Исток. Ставот на Кина е дека мирното обединување би ги решило енергетските проблеми на Тајван со тоа што ќе му овозможи пристап до енергија и ресурси од копното. Понудата доаѓа во време кога Тајван е загрижен за снабдувањето со гориво поради тензиите на Блискиот Исток. Сепак, Тајван одговорил со порака дека веќе го диверзифицирал својот увоз на енергенси и ги зголемува испораките на гас од Соединетите Американски Држави, нагласувајќи дека само неговиот народ може да одлучи за иднината на островот.