Синоќа експлозија пред синагога во Лиеж, Белгија
2026-03-09 - 08:17
Експлозија се случи во недела навечер пред синагога во Лиеж, источна Белгија, од причина што сè уште е непозната, соопшти полицијата, која појасни дека нема повредени, туку „само материјална штета“, пренесува Тајмс оф Израел. Експлозијата се случила кратко пред 04:00 часот по локално време пред синагогата што се наоѓа на улицата „Леон Фредерик“ во Лиеж. Предните прозорци на зградата биле скршени, соопшти портпаролот на градската полиција. Полицијата го блокираше просторот околу синагогата за да спроведе истрага. Оваа синагога е изградена во 1899 година и функционира и како музеј во кој се изложени разни предмети од еврејската заедница во Лиеж, според нејзината веб-страница. BREAKING: BELGIAN POLICE: EXPLOSION IN FRONT OF A JEWISH SYNAGOGUE IN THE CITY OF LIÈGE WITHOUT ANY INJURIES pic.twitter.com/QwIR1at8iU — Breaking news 24/7 (@Breaking7Newss) March 9, 2026