TheNorthmacedoniaTime

Мисајловски: Мора многу да се вложува во армиските капациети и во стручниот, професионален кадар

2026-03-16 - 19:57

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ истакна оти смета дека мора многу да се вложува во армиските капациети. Треба да се обнови инфраструктурата, но неопходен е и стручен, квалификуван кадар – пилоти, техничари, механичари, доктори,... Како што истакна Мисајловски, потребно е инвестирање во нова технологија и модернизација на Армијата. Тој најави и обуки за новите хеликоптери, како и обуки на вработени во Министерството во други земји. Мора да ја обновиме инфраструктурата. Многу касарни порано беа дадени на општините и дел од тие се продадени, земјиштето е продадено. Тие капацитети ги нема. Се размислува за обука на пилоти, но потребни се и доктори, техничари, механичари, секаков квалитетен кадар. Ќе се распишуваат различни позиции, а секој што ќе се пронајде е добредојден. Најпрофесионалните луѓе се во Армијата, од нив може да се научи премногу, тие може да ги насочат младите на дисциплина, на здрав живот. Ќе има нов, свеж кадар и во Министерството, ги повикувам сите да следат, да се пријават, ќе се подобруваат условите, платите. Постојано ќе разговараме за подобри услови“, изјави Мисајловски. Министерот потсети каква состојба наследил кога дошол на функцијата, нагласувајќи дека максимално посветено работи за подобрување на состојбите во Министерството и Армијата.

Share this post: