Повторно дојави за бомби во училиштата во Тетово
2026-02-24 - 09:16
Утрово дојави за поставени бомби пристигнале во повеќе основни и средни училишта во Тетово, по што веднаш се преземени безбедносни мерки. Според првичните информации, надлежните служби постапуваат по пријавите, а учениците и вработените се евакуирани од училишните објекти со цел безбедносна проверка. Полицијата врши проверки на терен и работи на утврдување на околностите околу дојавите. Повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот.
Share this post: